Момче Македонче победи во првото коло на јуниорскиот Вимблдон!

Талентираниот Калин Ивановски со победа стартуваше на престижниот грендслем-турнир Вимблдон. Во првото коло од јуниорскиот турнир, Ивановски со 2:0 во сетови беше подобар од Дејли Бланш.

Американецот Бланш беше 10-ти носител на турнирот, но 17-годишниот Ивановски одигра одличен меч. На стартот, Калин го загуби својот сервис, но возврати со брејк во осмиот гејм за 4:4. Водеше Ивановски со 6:5, а потоа на сервис на Бланш одигра перфектен гејм и со четири поени по ред стигна до 7:5 и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па стигнаа до 6:6 и мораше да се игра тај-брејк. И во оваа ситуација Ивановски се покажа како подобар и се радуваше со 7:4, што беше доволно за 2:0 во сетови и пласман во второто коло на Вимблдон, каде што за противник ќе го има Литванецот Бутвилас.

- Оглас -

Најнови вести