Монако е подготвен да го купи Икарди

Доколку пропаднат шансите на Мауро Икарди да остане во Италија и не потпише за Јувентус, Наполи или Рома, тогаш реално е во следната сезона да игра во француската лига, и тоа за Монако. Клубот од малото Кнежевство е сериозно заинтересиран за екскапитенот на Интер.

Проблемот е што Икарди не сака да си оди од Интер каде било.

Понудата на Монако е годишна плата од 7 милиони евра и долгорочен договор, но Икарди инсистира да остане во Серија А и би ја разгледувал понудата од Монако само ако пропаднат сите варијанти за останување во Италија.

Монако летово веќе купи еден напаѓач, Висам Бен Једер, но немаат ништо против да ангажираат уште еден голгетер. Икарди во минатата сезона имаше 17 гола и пет асистенции на 37 меча за Интер, клуб со кој има договор до 30 јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести