Монако победи дома за првпат по 12 мај

Монако го победи Тулуз со 2:1, што за тимот од малото кнежевство, ова е прв домашен триумф во француската лига сезонава. Стрелци на головите беа Александар Головин и Сеск Фабрегас. Головин е првиот Русин кој даде гол во франускиот шампионат по Сергеј Семак во април 2005 година.

Монако немаше победа од 4 декември наваму, а дома победи за првпат од 12 мај. И покрај победата, Монако остана трети од долу и во зоната на испаѓање, но можеби конечно ќе им тргне и ќе запливаат во помирни води, наместо да стравуваат за опстанокот.

РЕЗУЛТАТИ: Анже – Дижон 1:0, Монако – Тулуз 2:1, Рен – Амиен 1:0.

- Оглас -

Најнови вести