Монако се кае: Анри пред отказ, го молат Жардим да се врати

По сите изгледи, заврши епизодата на Тјери Анри како тренер на Монако. Францускиот стратег не успеа во обидот да ја спаси сезоната на „кнезовите“ која започна катастрофално по водство на тренерот Леонардо Жардим.

Под палката на Анри, Монако на 20 средби во сите натпреварувања забележа 11 порази и само четири победи, што е малку за екипа која минатата сезона беше вицешампион на Франција. Во првенството и натаму се на 19-тото место со 15 бода, изминатиов викенд претрпеа голем срам кога пред своите навивачи загубија со 5-1 од Стразбур, а поразот пред два дена од Мец со 3-1, исто така на домашен терен, но во рамките на Лига купот, може да се каже дека е натпревар по кој раководството на клубот одлучи да прави нови промени на клупата.

Во какви проблеми се навистина, говори следниот потег на управата. Имено, тие ќе се обидат да го вратат Жардим само по 15 недели откако му врачија отказ. Не помогнаа ниту ангажманите на Сеск Фабрегас и Налдо, кои требаше со своето искуство да ѝ помогнат на оваа млада екипа.

Значи, Монако до гостувањето кај Дижон може да биде без тренер, или, пак, токму по тој меч Анри ќе добие отказ, без разлика од исходот.

- Оглас -

Најнови вести