Монфис го доби маратонот со Шаповалов, елиминиран Кирјос

Гаел Монфис ќе игра во осминафиналето на ОП на САД, по триумфот од 3-2 (6-7, 7-6, 6-4, 6-67, 6-3) во сетови над Денис Шаповалов. Францускиот тенисер го доби три и пол часовниот маратаон и закажа пресметка за четврфинале со Пабло Андухар.

Иако го загуби првиот сет, Монфис ги освои наредните два за пресврт во резултатот. Шаповалов со тешка мака избори да се игра петти, одлучувачки сет, кој на крајот припадна на Французинот со 6-3.

Во текот на ноќта, Ник Кирјос претрпе елиминација од Андреј Рублев по три сета. Младиот Русин за водство од 2-0 дојде по двата освоени сетови на тајбрејк, додека еден негов брејк во третиот сет го трасираше кон победата за конечни 3-0 (7-6, 7-6, 6-3). Шварцман со идентични 3-0 славеше над Сандгрен.

Од вчера навечер пласман во осминафиналната фаза обезбедија уште Рафаел Надал, Александер Зверев, Марин Чилиќ и Матео Беретини.

Во женска конкуренција, интересната пресметка меѓу Наоми Осака и Кори Гоф припарна на актуелната шампионка на САД. Најдобрата светска тенисерска славеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-0) и продолжи на патот кон одбрана на титулата.

Осака во следното коло ќе се соочи со Белинда Бенчиќ, која обезбеди пласман понатаму откако нејзината противничка Анет Контавејт ноќеска го предаде мечот.

- Оглас -

Најнови вести