Монпелје е очаен шампион, Вардар и Раул со старите победнички навики

Актуелниот ракометен првак Монпелје го претрпе третиот пораз во третото коло од Лигата на шампионите. Францускиот тим на свој терен загуби со 26:29 од Келце. Некогашните вардарци, Алекс Душебаев и Лука Модриќ беа најактивни кај гостите. Душебаев даде 10 гола, а Циндриќ немаше шутерска вечер, па погоди само два пати од осум обиди за Келце.

Монпелје заедно со Кристијанштад е на дното од А групата, каде Вардар е единствен со перфектен биланс и три победи. Освен Вардар, три победи имаат само уште два клуба од Б-групата. Раул Гонзалез од клупата го предводи Пари Сен Жермен до три триумфи, а три победи има и Сегед.

Од двете послаби групи во ЛШ, во Ц групата Прешов е со максимален учинок, а Висла има шест бода во Д групата.

Во денешните средби: Целје – Фленсбург 23:20, Металург – Прешов 24:29, Мотор – Сегед 31:32, Нант – Скјерн 35:27, Елверум – Адемар 30:25, Монпелје – Келце 26:29.

- Оглас -

Најнови вести