Монструозни 47 поени на Харден против Ленард и Клиперс (видео)

Благодарение на фантастичниот Џејмс Харден, Хјустон рокитс славеше во дербито против ЛА клиперс со конечни 102:93. Брадата беше незадржлив иако на спротивната страна му беше еден од најдоминантните кошаркари во НБА лигата, Кавај Ленард.

Тоа не претставуваше проблем за Харден, па со 47 поени, 7 асистенции и 6 скока го одведе Хјустон до осмата овосезонска победа. На другата страна, Ленард запиша дабл-дабл од 26 поени и 12 скока, но не беа доволни ниту 20 поени на Лу Вилијамс. Вестбрук со 17 поени беше вториот најефикасен играч од редовите на Ракетите.

- Оглас -

Најнови вести