Монтела ja презема клупата на Иран?

Винчензо Монтела од април минатата година е без работа, кратките неуспешни авантури во Милан и Севилја му се како црна дамка во своето портфолио, па се нема најдено адекватен клуб кој би го ангажирал за тренер. Но, неговиот работен статус може наскоро да се смени, откако добил повик од фудбалската федерација на Иран, да биде селектор на нивната репрезентација.

Станува збор за тригодишен договор, Монтела би заработувал 1,5 милиони евра годишно и воедно да ја предводи селекцијата на Мундијалот во 2022 година. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Монтела има неколку дена да размисли за понудата, а доколку ја прифати, на селекторското столче би го заменил Карлос Кеирош.

- Оглас -

Најнови вести