Монца направи нешто што му успеало само на Интер и тоа пред 93 години

Во италијанската Серија А ќе се памти овој ден како еден од оние денови во кои се случиле најнеочекувани резултати. Гигантите Милан и Јувентус беа понижени на свој терен и загубија убедливо од Сасуоло и од Монца.

Милан за прв пат во последните 26 години прими пет гола на домашен терен и крајот загуби со 2:5 од Сасуолo, а Јувентус при три гола од Монца, но еден погодок на госитите беше поништен поради офсајд, па на крајот резултатот во Торино беше 2:0 за гостите.

Монца е тим кој сезонава дебитира во Серија А и успеа во двата меча против најтрофејниот клуб во Италија, да победи. Во речиси едновековната историја на италијанското првенство, само Интер е клубот кој успеал два пати да го победи Јувентус во дебитантската сезона, а тоа се случи во првата сезона од Серија А во 1930 година. Од таа прва сезона, до сега се немаше најдено клуб кој ќе слави против Јувентус во двата меча од дебитантската сезона, а тоа сега им успеа на фудбалерите на Монца.

- Оглас -

Најнови вести