Мората сака да ги изненади навивачите на Интер, а тоа изненадување се вика Дибала

Интер интензивно работи за доведување на Паоло Дибала за следната сезона. Нераѕурите не ја одбранија титулата во првенството, но се израдуваа на трофеите во Купот и Суперкупот на Италија, па сезоната не беше лоша.

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Мората, беше запрашан како оди работата со доведувањето на Дибала на „Џузепе Меаца“, а главниот човек на Интер со широка насмевка кратко одговори „Ќе видиме“. Фактот дека Мората беше расположен и насмеан само ги „разгоре“ желбите на навивачите што е можно побрзо Аргентинецот да го видат во сино-црниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести