Морбидна порака за Ди Марија: Ние не оставаме пораки, зад нас остануваат куршуми и лешови

Желбата на Анхел ди Марија кариерата да ја заврши таму каде што и ја започна, во Розарио сентрал, веројатно нема да му се отвари бидејќи неговото семејство во Аргентина почна да добива смртни закани.

„Речи му на синот Анхел да не помислува да се врати во Розарио бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби живот. Ниту Пуљаро (гувернер на провинцијата Санта Фе) нема да успее да ве спаси“, гласела една од пораките кои биле упатени кон таткото на фудбалерот.

Уште една порака која ја објавија локалните медиуми во Розарио исто така била морбидна:

„Ние не оставаме пораки. Зад нас остануваат куршуми и лешови“.

Ова не е првпат локалните банди да се закануваат на славен аргентински фудбалер кој е роден во Розарио, пред него тоа му се случи и на Лионел Меси.

Имено, кон продавницата која е во сопственост на таткото на Антонела Рокуцо, сопругата на Меси, биле истрелани неколку куршуми откако во медиумите почна да се шпекулира дека фудбалерот може да се врати во својот прв тим, Њуелс олд бојс, кој исто така е од Розарио.

- Оглас -

Најнови вести