Морбидно – Се фотографираа со ковчегот на Марадона, добија отказ и не можат да куртулат од закани

Татко и син и уште еден работник во погребалното претпријатие во Буенос Аирес добија отказ, откако објавија фотографии на социјалните мрежи покрај ковчегот на Диего Армандо Марадона.

Тројцата вработени во фирмата за погребални услуги во Буенос Аирес веднаш добиле отказ, а потврда дојде и од еден од фотографираните.

Клаудио Фернандес самиот во изјава за „Радио Диес“ потврди дека тој и неговиот син Исмаел и Клауди Медина добиле отказ.

Фотографиите предизвикаа лавина од негативни реакции во Аргентина. Фернандес дури изјави дека стравува за својот живот и дека добивал и смртни закани.

„Воопшто не планирав да се фотографирам, а и самиот не знаев дека фотографиите ќе бидат поставени на социјалните мрежи. И јас како и сите Аргентинци жалам за смртта на Марадона. Речиси сите ме познаваат овде, но добив и опасни закани. Дури и директно ми се заканија дека ќе ме убијат“, изјави Фернандес.

На погребот на Марадона присуствуваа илјадници луѓе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести