Мотивацијата не беше доволна, Македонија немоќна против Швеѓаните (Видео)

Шведска ја совлада Македонија со 32-20 во меч од првото коло во групата Г на Светското првенство за ракометари кое се одржува во Египет. Македонските репрезентативци беа рамноправни само во првата половина од првото полувреме, а потоа Трите круни доминираа на теренот во Каиро и извојуваа убедлив триумф.

Следен меч за Македонија е оној со домаќинот Египет, в сабота од 18 часот.

Кирил Лазаров со 5 погодоци беше најефикасен поединец во тимот на селекторот Данило Брестовац. Ниту еден друг наш играч не даде повеќе од два гола. Кај Шведска блескаше Хампус Ване со 11 гола.

Снимката како македонските ракометари ја пеат химната го обиколи ракометниот свет, но оваа силна мотивација не беше доволна за изненадување против поквалитетниот противник.

https://twitter.com/i/status/1349815664937234435

- Оглас -

Најнови вести