Мотивациска порака од Милан: По Истанбул, доаѓа Атина

Италија е најтешко погодена држава од Коронавирусот, секојдневно се бројат жртвите кои ја загубија битката со опасниот невидлив непријател, заразени се и некои фудбалери од Серија А, па од таборот на Милан стигна порака полна со надеж за подобри идни денови.

Навивачите на Милан закачија транспарент на кој има порака која го крева моралот и буди надеж, а фотографијата ја објавија и на официјалните профили на Росонерите на социјалните мрежи.

„Сè ќе биде во ред. По Истанбул, доаѓа Атина“, стои на банерот. Ова може кај нас да се преведе и како „По дождот, доаѓа сонце“.

Алузијата е јасна. По најболниот пораз во историјата на Милан кој се случи против Ливерпул во Истанбул, две години подоцна Милан стана европски шампион со добиено финале на ЛШ во Атина токму против Ливерпул. Миланезите веруваат дека по тешките загуби, Италија и Милано повторно ќе застанат на нозе.

 

- Оглас -

Најнови вести