Мото ГП има нов шампион, Бањаја во последната трка го симна од тронот Квартараро

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е нов шампион во Мото ГП класата, а до титулата дојде во последната трка во сезоната која се возеше во Валенсија.

Бањаја е втор возач кој со Дукати станал шампион во Кралската класа по Кејси Стонер во 2007 година и е прв Италијанец кој со овој тим ја освоил титулата по пауза од 50 години.

На Бањаја кој трката ја стартуваше од осмата позиција, за титулата доволно му беше извози сигурно и да заврши меѓу првите 14 мотоциклисти за да ја задржи предноста на табелата пред сега веќе поранешниот шампион, Фабио Квартараро од Јамаха.  Италијанецот ја исполни целта, трката ја заврши на деветтото место, додека Квартараро беше четврти.

На трката во Валенсија славеше возачот на Сузуки, Алекс Ринс, пред Бред Биндер и Хорхе Мартин кој ја имаше пол-позицијата.

Бањаја со титулата дојде со одлично возење во вториот дел од сезоната, кога успеа да победи на четири трки по ред и тоа во Холандија, Велика Британија, Австрија и Сан Марино, и тоа се покажа како клучно бидејќи на надомести негативата од 91 поен во однос на Квартараро. Славеше и на уште една трка, а само еднаш беше втор и два пати беше третопласиран.

 

Следната сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне на 26 март 2023 година со трката за Големата награда на Португалија што ќе се вози на патеката Портимао.

- Оглас -

Најнови вести