23.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Мотор приреди сензација со реми против Кил

Мотор Запорожје приреди големо изненадување со реми 32:32 против германскиот ракометен гигант Кил, и тоа на гости.

Во дуелот меѓу првопласираната екипа во групата Б во Лигата на шампионите и фенерџијата имаше голема драма што заврши со неочекуван исход.

Гостите од Украина со одлична игра уште во првото полувреме најавија дека нема лесно да се предадат. Водеа во финишот со два гола разлика, а на одмор заминаа со предност од 17:16.

Кога се очекуваше Кил да притисне и да ги освои бодовите, повторно расположените ракометари на Мотор покажаа заби. Од негатива 27:29 во самиот финиш на мечот успеаја да израмнат во последниот напад и да освојат голем бод за нив.

Кил остана на првото место со 14 бода од девет меча, во групата во која е и нашиот и актуелен европски првак Вардар. За три дена „црвено-црните“ ќе му гостуваат на Мешков во Брест.

 

- Оглас -

Најнови вести