Може да биде најдобар дефанзивец на светот, но прво беше понижен од Меси, сега и од Халанд

За Хрватот Јошко Гвардиол многу фудбалски стручњаци тврдат дека има потенцијал да стане најдобар дефанзивец на светот, неговото заминување од Лајциг може да биде за рекорден трансфер за еден одбранбен играч, но синоќа и утрово Гвардиол е цел на потсмев поради катастрофалното издание на дуелот со Манчестер сити.

Гвардиол дозволи Ерлинг Халанд да му даде на Лајпциг дури пет гола, па и по втор пат се зборува за пад на неговата цена откако и во декември Јошко беше критикуван кога во една акција беше тотално надигран од Лионел Меси на Мундијалот во Катар.

Гвардиол против Сити немаше ниту едно пресечено додавање, ниту одземена топка, што се поразителни факти за еден дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести