Пет години беше играч на Барселона, одигра само осум меча, но освои шест трофеи

Даглас Переира е бразилски фудбалер кој во 2014 година, на изненадување на многумина, потпиша за Барселона. Каталонскиот гигант му даде петгодишен договор на десниот бек, но по кратко време се покажа дека тој е големо промашување.

Бразилецот не се избори за место во тимот, па често беше праќан на позајмица. Интересно е тоа што во никој од клубовите во коишто беше на позајмица речиси и да не играше (Бенфика, Спортинг Хихон, Сиваспор) и никој не сакаше да го задржи, па кога ќе завршеше позајмицата, го враќаше во Барселона.

За Барселона одигра само осум меча, но Переира може да се пофали дека се радувал дури на шест трофеи. На 30 јуни конечно истече неговиот петгодишен договор со Барселона и сега е слободен играч. Според тоа што го покажа, тешко дека Переира ќе остане во Европа и најверојатно ќе се врати во родниот Бразил.

- Оглас -

Најнови вести