Клаудио Руденсиндо е еден од тројцата пријавени кандидати за нов претседател на аргентински Индепендиенте и вели дека разгораварал со Пеп Гвардиола за да биде нов тренер на јужноамериканскиот рекордер.
Индепендиенте со 7 пехари е најтрофејниот клуб во во Копа Либертадорес, натпреварување во Јужна Америка што е исто како Лигата на шампионите во Европа.
„Разговарав со Гвардиола и му кажав дека ќе ни биде чест да дојде и да биде тренер на аргентинскиот и јужноамерикански гигант“, вели Руденсиндо.
https://twitter.com/okdobleamarilla/status/1575568028301135872?s=20&t=2jf8f3kKV2H0xzIeW6pgTA
Изборите за нов претседател на Индепендиенте ќе се одржат на 2 октомври, а за тројцата кандидати Клаудио Руденсиндо, Хавиер Маза и Фабијан Доман ќе гласаат регистрираните 48.666 гласачи.