Најдобрите бразилски бекови во последните 15-тина години, а сега ветерани кои се при крај со кариерите, Марсело и Даниел Алвеш, би можеле да заиграат во ист тим, едниот на левата, другиот на десната страна.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Бразилецот Роналдо Назарио, кој играше и за Барса и за Реал Мадрид, е газда на шпанскиот прволигаш Валјадолид и добро ги знае можностите на Марсело и Дани, па испратил понуда до двајцата да потпишат за неговиот клуб.
Марсело и Алвеш се слободни агенти, заедно имаат 73 години, и би биле од голема помош за Валјадолид. Сепак, ќе треба и да прифатат да играат за мала плата, и да решат дали ќе ја прифатат поканата од големиот Роналдо.