Шпанецот понекогаш и претерува – Може ли полошо од Давид Силва? Може самиот Силва (Видео)

Давид Силва сака да асистира и често во такви ситуации и греши, па наместо да постигне гол, им додава на своите соиграчи, а вирален хит е неговиот обид за асистенција против Манчестер јунајтед вчеравечер на реванш-мечот од Лига купот во Англија.

https://twitter.com/SamiZaiiin/status/1222630649665900545?s=20

Неговиот Манчестер сити загуби со 0:1, но и се пласираше во финалето на „Вембли“, а грешната проценка на Силва во 73-тата минута сепак не ги чинеше скапо популарните Граѓани, кои славеа на првиот меч со 3:1 и ќе играат за пехарот против Астон вила.

Но, ако се прашувате дали Силва може полошо да погреши во изборот да асистира или да даде гол, одговорот е да.

Погледнете ја неговата асистенција од лани, во ситуација кога имаше уште почист видик кон противничкиот гол, и тоа само од 3-4 метри.

- Оглас -

Најнови вести