Можеше и подобро, но и полошо, сега и Светското првенство е дофатливо за македонските ракометарки?

Женската ракометна репрезентација на Македонија, за противник во баражот за Светското првенство ја доби Украина.

Така сакаше ждрепката во Љубљана за баражот за пласман на Светското првенство за жени, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во периодот од 30-ти ноември до 17-ти декември 2023 година.

Дуелите со Украинките (еден дома и еден на гости) ќе се играат во април 2023.

На СП 2023 од Европа сигурно одат домаќините Данска, Шведска и Норвешка, како и трите најдобро пласирани репрезентации ЕП 2022 (Франција, Црна Гора и Холандија), изземајќи ги трите земји кои ќе бидат организатори. Преку баражите, место на ракометниот Мундијал ќе обезбедат уште десет селекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести