Можеше ли да биде толкав малер – Тренерлукот му траеше неверојатни 10 минути

Лирој Росениор е нов светски рекордер во фудбалската игра, откако неговата епизода како нов тренер на нисколигашот Торки траеше само 10 минути.

Клубот што испадна од Лига 2 во Англија, натпреварување кое е четврто по ранг одлучи да го именува Росениор за нов тренер, но експресно се случи пресврт.

Сопственикот на клубот, Мајк Бејтисон многу брзо истиот ден одлучи да го продаде мнозинскиот пакет од 51 посто акции на нов Конзорциум и според англиските медиуми веднаш Росениор бил сменет.

Сега постои конфузија и дел од менаџментот тврди дека Лирој останува тренер на Торки, но новиот сопственик има поинакви планови.

Ако остане одлуката дека Росениор е сменет, тој ќе биде светски рекордер со само 10-минутен тренерлук во фудбалски клуб.

- Оглас -

Најнови вести