Можно ли е? Икарди ќе замине во Јувентус

Мауро Икарди поминува лоши денови во Интер. Аргентинскиот голгетер најпрво ја загуби капитенската лента, а потоа одби да патува со тимот на мечот од Лигата на Европа. По ваквиот расплет, во италијанските медиуми повторно се разгореа шпекулациите за заминување на Икарди од „Џузепе Меаца“.

Реномираните Газета Дело Спорт и Калчомеркато тврдат дека знаат која е следната дестинација на Икарди. Според пишувањата, 25-годишниот напаѓач би требало да направи трансфер во Јувентус. „Старата дама“ секогаш знаела да искористи во дадена ситуација, па некои најави се дека тоа може да се случи и сега.

Јувентус на тој начин не само што ќе ги ослаби редовите на еден од ривалите, туку дополнително ќе го зајакне својот ионака силен напад. Во офанзивниот ред на Јувентус сега се Кристијано Роналдо, Марио Манџукиќ и Пауло Дибала. Тоа се докажани голгетери, а доколку се случи да дојде и Икарди, нападот на Јувентус ќе биде навистина застрашувачки.

Икарди засега не сака многу да реагира околу целата новонастаната ситуација. Единствено на својот инстаграм профил напиша „Подобро да молчам и да ме сметаат за будала, околу да прозборам и кажам се што мислам“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести