Можно ли е вакво сценарио – Федерер не игра на Ролан Гарос, Надал ќе го прескокне САД опен?

Роџер Федерер ќе го прескокне Ролан Гарос, а Рафаел Надал нема да игра на Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски држави е сцанариото што е сосема можно, а го најавуваат дел од медиумите специјализирани за тенис.

Коронавирусот направи хаос и во белиот спорт, па сезоната на земјена подлога воопшто и нема да се игра, што донесе и поместување на францускиот гренд-слем во Париз, популарниот Ролан Гарос.

Наместо втор по ред во сезоната, како што е стандард, веднаш зад Австралија опен, Роланг Гарос ќе се игра дури во септември.

Според новиот распоред во Париз би се играло од 20. септември до 4. октомври, а почетокот е закажан само една седмица по завршувањето на САд опен. Во Њујорк би се играло од 31. август до 13. септември, а тука Федерер има поголеми шанси за успех, отколку на Ролан Гарос.

И што е многу проблематично за рекордерот со 20 гренд-слем титули, тој има полни 38 години и во август ќе наполни и 39, па веројатно нема да може да го издржи напорот да игра на два грен-слема што се поставени во кус период од една недела. Изборот на Федерер, ако нешто не се смени ќе биде настап во Њујорк, на САД опен, проценуваат тениските експерти.

Слично е и со Рафаел Надал, кој во јуни ќе полни 34 години и царува на Ролан Гарос, каде има освоено неверојатни 12 титули, од вкупно 19 гренд-слем круни.

Веројатно и Шпанецот ќе мора да бира меѓу своето царство, Ролан Гарос и САД опен, каде има одличен биланс од 4 трофеи, но проблемот е што гренд-слемовите се играат во три добиени сета и во двонеделен циклус, што е огромен напор и за најдобрите тенисери на светот. Ако кора да бира, проценката е дека Надал ќе игра на Ролан Гарос, а ќе одмара за време на турнирот во Њујорк.

Еве го распоредот на преостанатите големи тениски настани во 2020 година, ако нема промени поради Коронавирусот:

Вимблдон – 29. јуни со 29. јули

Олимпијада, Токио – 25. јули – 2. август

САД опен – 31. август – 13. септември

Ролан Гарос – 20. септември – 4. октомври

- Оглас -

Најнови вести