Мрачната тајна на пилотот: Претходно веќе имал еден пад со ваков авион

Пилотот Дејв Иботсон (60 години), кој го возеше авионот Пајпер Малибу што исчезна пред 10-тина дена, во минатото веќе имал еден инцидент возејќи сличен авион. Според пишувањата на англискиот магазин „Сан“, Иботсон во 1995 година предизвикал пад на сличен авион Пајпер, кој најчесто се користи за вежбање.

Тој инцидент се случил во 1995 година, кога Иботсон заборавил да ги извади тркалата за слетување. За среќа, во тој инцидент немало жртви. Пилотот кој го возеше авионот во кој единствен патник беше фудбалерот Емилијано Сала исчезна над Англискиот канал (Ла Манш) и засега уште нема прецизна трага каде завршил.

Пилотот и фудбалерот уште се сметаат за исчезнати, иако во ваква ситуација речиси неверојатни се шансите дека би преживеале.

Иботсон не ни требало да го вози авионот. Менаџерот Вајл Мекеј кој го организирал летот, за пилот го ангажирал Дејв Хендерсон. Сепак, од некои непознати причини, Хендерсон решил да не лета и таа одговорност му ја препуштил на Иботсон, кој бил повремен пилот. Исчезнатиот пилот покрај тоа што летал со авиони, бил и диџеј и водоинсталатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести