Му барале пари за да игра за репрезентацијата, а сега кога е ѕвезда го молат да помогне за националниот тим

Репрезентацијата на Гана беше едно од најголемите разочараувања на Африканскиот куп на нации, откако испадна уште во групната фаза. Иако се очекуваше далеку да стигне, Гана загуби дури од дебитантот Коморските острови со 3:2 и остана на последното место во групата.

Во соствот на Гана и на ова натпреварување го немаше Мохамед Салису, одличниот стопер на Саутхемптон. Салису пред две години за сума од 12 милиони евра дојде во Англија од тимот на Валјадолид.

Салису уште како тинејџер добил шанса да игра за младинските категории на Гана. Бил повикан за селекцијата до 17 години, а одлично ги поминал подготовките. Сепак, кога требало да се одберат фудбалерите за во конечниот список, Салису отопаднал од комбинација.

Причина за исфрлувањето на Салису од националниот тим е тоа што му било побарани пари да биде вметнат во составот, а тој тоа го одбил. Сега, откако се докажа и во Англија, Салису постојано добива повик за националниот тим, но тој секогаш ги одбива.

„Одењето во кампот кога беше тинејџер е главна причина зошто Мохамед сега не сака да е во репрезентацијата. Тренерите, лиѓето од техничкиот дел и скаутите, сите му бараа пари за да биде внесен во конечниот состав за национален тим до 17 години“, откри вујкото на Мохамед, Јакубу Ахмед.

Сепак, пет години по тоа немило искуство за Салису, фудбалерот се очекува конечно да прифати да заигра за Гана. Најавите се дека тој ќе се јави на повикот за дуелите против Нигерија, во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Тие дуели меѓу Гана и Нигерија ќе се играат на 23 и 29 март, а подобриот тим ќе оди на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести