Му дојде преку глава: Навивач на Евертон тргна да се тепа со Бенитез по очајните резултати (ФОТО)

Евертон предводен од Рафа Бенитез бележи лоши резултати во Премиер лигата, а како „капак“ на сè дојде и поразот од фенерџијата Норич од 2:1.

На средината од првиот дел, еден од фановите на „карамелите“ влета на теренот при резултат 2:0 и тргна физички да се пресмета со Бенитез.

За среќа, редарите спречија поголем инцидент, а голема е веројатноста дека раководствтото на тимот ќе му врачи отказ на Шпанецот.

Норвич дојде до предност со автоголот на Мајкл Кин во 16-та, додека на 2:0 зголеми Адам Идах само две минути подоцна.

Конечниот резултат го постави Ришарлисон во 60-та минута. Со овој пораз, Евертон остана на 19 бодови и е на 15-то место иако може дополнително да падне на табелата доколку Лидс утре го совлада Вест Хем.

ПРЕМИЕР ЛИГА

Њукасл – Ватфорд 1:1

Норич – Евертон 2:1

Вулверхемптон – Саутемптон 3:1

- Оглас -

Најнови вести