Му фали дел од левата рака, но ќе се трка во Дијамантската лига

Најбрзиот атлетичар меѓу параолимпијците, 23-годишниот Бразилец Петрусио Фереира, кој има видлив хендикеп на левата рака поради немил настан кој му се случил во детството, доби дозвола да настапи на трки од Дијамантската лига. Овој историски настан ќе се случи кон крајот на годинава и Фереира ќе си ги мери силите со најбрзите спринтери кои немаат физички хендикеп.

Петрусио е човек кој светот веројатно допрва ќе го запознае подобро, тој на Светското првенство за хендикепирани во 2019 година трката на 100 метри ја истрча за 10,42 секунди и е светски рекордер на 100 метри меѓу спортистите со хендикеп.

„Добив покана за настап на трките од Дијамантската лига и многу сум среќен. Сакам да учествувам таму, да се натпреварувам со конвенционалните атлетичари. Ќе тренирам напорно за да направам добар резултат“, вели Петрусио.

Трките од Дијамантската лига треба да почнат во август. Светската атлетска федерација не им дозволува на параолимпијците да се тркаат на нивните трки, но за Бразилецот ќе се направи посебен исклучок. Петрусио кога се трка, користи вештачки продолжеток на раката за пополнување на делот кој фали и тоа се смета за предност, но тој смета дека може да докаже дека тоа не е од голема помош при трките со обичните атлетичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести