Му фати шутот: Погоди 101 тројка од 103 шута (Видео)

Спортовите кои се играат во сала уште се во прекин поради пандемијата на корона-вирусот и засега е нејасно кога ќе продолжат. Додека трае оваа принудна пауза, дел од спортистите продолжуваат со индивидуални тренинзи. Италијанскиот кошаркар Амедео дела Вале влезе во сала и реши да шутира тројки.

Кошаркарот кој во изминативе три сезони настапуваше за Олимпија Милано покажа дека шутот му е одличен и во ова време на принудна пауза. Дела Вале упати 103 шута за три поени и успеа да погоди неверојатни 101. Во оваа низа кошаркарот имаше 65 погодени тројки по ред.

Дека овој прецизен шут за тројка не е случаен, потврдува и просекот од 50 отсто прецизност на Дела Вале во настапите од Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести