Му ги скрши забите, па се извинуваше среде борба: Извини, ова е дел од работата (видео)

УФЦ продолжи според програмата откако се отворија октагоните за борби, а ноќеска во Џексонвил се пресметаа Ентони Смит и Гловер Тешеира во лесна категорија. Победи 40-годишниот Бразилец, но пред себе имаше издржлив противник во Смит, кому му настрадаа забите среде борба.

При паузата меѓу рундите, Смит се пожали дека му е скршен заб, а во продолжението од борбата, при дуел Тешеира му се извини на противникот.

https://twitter.com/UFCEurope/status/1260785607145447424

„Извини Ентони, ова е дел од работата“, му кажа Тешеира на што овој му одговори: „Тоа е што е“. На крајот двајцата спортски си честитаа.

https://twitter.com/espnmma/status/1260785372243603458

- Оглас -

Најнови вести