Му го простија неверството, Куман од Нова година повторно ќе биде холандски селектор

По Светското првенство во Катар во ноември и декември, актуелниот холандски селектор Луис ван Хал, кој се бори со тешка болест, ќе ја напушти функцијата, а на клупата на Лалињата се враќа Роналд Куман.

Куман беше селектор од февруари 2018 до август 2020 и тогаш ненадејно замина во Барселона, па Холанѓаните мораа да се снајдат без него на Европското првенство минатата година. Новиот мандат ќе му почне на 1 јануари 2023 и ќе му трае до завршувањето на следниот Мундијал, кој треба да се игра во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести