Му личи на кралот на кошарката – Џејмс има најмногу плејоф-победи во историјата на НБА (Видео)

Леброн Џејмс одигра нов брилијантен меч за Лос Анџелес лејкерс и урна уште еден рекорд во НБА лигата во победата против Хјустон од 112:102 во полуфиналната плејоф серија во Западната конференција.

Популарниот крал на кошарката од ноќеска е и крал на победите во плејофот во најсилната лига на светот со 162 победи во доигрувањето за титула во НБА-лигата.

Џејмс го претрка Дерек Фишер и со вкупно 162 плејоф-победи за Кливленд, Мајами и Лос Анџелес лејкерс е прв на вечната листа во НБА-лигата.

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс се искачи на врвот со стил во меч во кој беше најефикасен на теренот со 36 поени, а додаде и 7 скока, пет асистенции и четири блокади.

Зад него остана Фишер со 161 победа, а трет е Тим Данкан со 157 триумфи во дуелите од плејофот во НБА-лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести