Му најдоа замена за 50 милиони евра – Мегваер се сели на клупа за резерви, ќе грмат од радост навивачите на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е во завршни преговори со Вилјареал за трансфер на Пау Торес и ако успее да ги исполни барањата на Жолтата подморница ќе реши еден голем проблем, стоперската позиција.

Торес игра одлично во континуитет во Ла Лига, член е и на шпанската репрезентација, а во Манчестер јунајтед би го постиснал Хари Мегваер од стартнито состав.

Мегваер е на мета на остри критики на навивачите на Црвените ѓаволи, правеше невидени киксови, па ако дојде стабилен стопер како Торес, тоа ќе ги израдува симпатизерите на гигантот.

Вилјареал бара околу 50 милиони евра отштета за Торес, кој има 25 години и може уште долго да игра на врвно ниво.

 

- Оглас -

Најнови вести