Му одбрани два пенали на Кристијано, а се враќа на гол после 965 дена (Видео)

Бугарскиот голман, Владислав Стојанов, после две и пол години, или точно 965 дена, се враќа на фудбалскиот терен. Стојанов е на голот на вториот тим на Лудогорец, на дуелот од втората бугарска лига против Хебар.

Некогашниот репрезентативец на Бугарија тренира со првиот тим на Лудогорец, но засега ќе брани за вториот тим. Тој во пролетта 2017 година на тренинг на националниот тим ги скина лигаментите во коленото, и му почна хоророт, му беа направени низа операции. Најголемиот проблем беше кога една лоша хируршка интервенција во Романија, заврши со тешка компликација и голманот за малку ќе ја загубеше ногата.

Во последната година, тој се лекуваше во Барселона, па од денеска повторно е на терен.

Владо Стојанов е познат и како „кошмарот на Кристијано Роналдо“. Тој е еден од ретките, ако не и единствен голман на светот кој му има одбрането два пенали на славниот Португалец. Едниот пенал му го одбрани на мечот од Лигата на шампионите, Лудогорец – Реал Мадрид, а другиот на квалификациски меч на Португалија и Бугарија.

Погледнете како Стојанов му брани пенали на Роналдо:

- Оглас -

Најнови вести