Му оди против Белизе – Родригес постигна гол што се памети (Видео)

Освалдо Родригес постигна прекрасен гол со лоб од 40-45 метри за Сантос ДГ во дуел од Лигата на шампионите на Северна и Централна Америка, а голманот на Хенкок од Белизе, Вест, беше немоќен да го спречи ремек-делото на 30-годишниот играч.

Родригес има убави спомени кога игра против Белизе, или против екипи од таа земја. Ноќеска во победата од 5:1 на Сантос го постигна веројатно и најубавиот гол во кариерата, а во 2013 година дебитираше за Костарика, токму на дуел со оваа земја.

Сантос очекувано го декласира Хенкок со убедливи 6:1 во вкупен резултат и во осминафиналето ќе игра двомеч со Плаза Амадор од Панама.

 

- Оглас -

Најнови вести