Му пресметаа на Њукасл како може без проблеми да потроши 600 милиони фунти

Богатите шеици од Саудиска Арабија нема да имаат пречки легално да потрошат огромна сума пари за нови засилуваа во Њукасл, иако вообичаено ќе има одредени забрани според правилата на англиската Премиер лига.

Во период од три години засега постои можност да се потрошат околу 110 милиони евра за нови играчи, но сумата може да порасне ако се потпишуваат подолгорочни договори со новите играчи, на пример за пет години.

Дозволено е клубот да има само 5 милиони фунти загуби на годишно ниво, плус уште 30 милиони фунти дополнителна инјекција на вложениот капитал, што прави сума од 105 милиони фунти за три години.

Тука се додаваат и платените такси и даноци на клубот, потоа и дополнителните приходи од влезници, инјекцијата како помош за Ковид периодот и уште неколку работи што можат да донесат инвестиција во нови засилувања од околу 600 милиони фунти за следните пет години.

Тоа е поради фактот дека парите не се исплаќаат веднаш туку сукцесивно за евентуалните засилувања на годишно ниво. Тоа ќе значи дека Њукасл и покрај бунтот на Ппемиерлигашите и ограничувањата што ги предвидуваат правилата на игра во Англија, ќе може да потроши огромна сума пари за квалитетни засилувања.

Новите сопственици од Саудиска Арабија преку Јавниот фонд за инвестиции, ПИФ, го купија клубот од Мајк Ешли за 300 мииони фунти и планираат да создадат нов англиски и европски гигант од Њукасл.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести