Капитенот на Барселона, Серхио Роберто, веќе не може да чека да добие понуда за продолжување на договорот со каталонскиот гигант. Дефанзивецот кој од 2010 година го носи дресот на Барслеона, моментално е слободен играч откако му истече актуелниот договор.
Планот беше Роберто да добие уште една година верност, но така беше додека тренер беше Чави Ернандес. Откако Чави си замина, а за тренер беше поставен Ханси Флик, ситуацијата се смени. Искусниот бек речиси еден месец чека за нов договор, но тоа не се случи, па одлуката е да бара нова средина.
Се шпекулираше дека Валенсија и Севилја го сакаат искусниот дефанзивец во своите редови, но самиот Роберто најавил дека не би сакал да заврши во редовите на некој ривал на Барселона. Затоа, опцијата е Роберто да направи трансфер во англиската Премиер лига. Роберто има 32 години и се очекува барем уште некоја година да може да игра на врвно ниво.

