Му се разведри малку на Нејмар, шпанскиот суд пресуди дека не мамел и не го украл инвестицискиот фонд од Бразил

Бразилскиот фудбалски ас не е виновен за измама и финансиски малверзации, пресуди шпанскиот суд за случајот од 2013 година, кога од Сантос се пресели во Барселона.

На Нејмар му се закануваше петгодишна казна по тужбата на бразилската инвестициска фирма ДИС, која во тоа време поседуваше 40 отсто од првата за трансфер на фудбалскиот ас.

ДИС тужеше дека е измамен и од Нејмар и од Барселона, односно дека тие драстично ја намалиле вредноста на трансферот и бараа отштета од 157 милиони долари.

Сепак, шпанскиот суд денеска ги отфрли сите обвиненија и Нејмар може да здивне во тешкиот месец за него, по елиминацијата на Бразил на Мундијалот во Катар во четвртфиналната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести