Соседите пријатно изненадија соиграч на Барди (Видео)

Десниот бек на Леванте, Хорхе Андухар Морено, или попознат како Коке беше пријатно изненаден од соседите, кои го поздравија со аплаузи, песна и со по некоја конфета од балконите во Валенсија при раѓањето на неговиот син.

Сопругата на Коке се породи во понеделникот, а играчот беше изненаден од галамата што одеднаш како под команда се создаде во неговото соседство. Од зградите грмнаа аплаузи, а им се приклучи и самиот Коке, кој беше пријатно изненаден од гестот на неговите сограѓани во Валенсија.

Денеска искористи специјална прилика преку „Твитер“ да им се заблагодари за гестот.

„Не очекував ваква реакција. Ме изненадија многу пријатно и им благодарам на сите. Ги поздравувам и едвај чекам да се видиме на стадион“, рече Коке.

Десниот бек на Леванте е соиграч на Енис Барди од 2018 година, откако најпрво како позајмен играч пристигна од Шалке 04, а потоа клубот од Валенсија го откупи неговиот договор со германскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести