Му се смееја кога промаши пенал, а сега Игуаин даде прекрасен гол за победа (Видео)

Гонзало Игуаин е херојот на Интер Мајами во победата над Њујорк ред бул од 2:1 во меч од МЛС-првенството во САД. Аргентинецот кој неодамна си замина од Јувентус и потпиша за тимот на Дејвид Бекам, ноќеска се израдува на првиот погодок во новиот дрес.

Докажаниот голгетер го постигна победничкиот погодок за 2:1, и тоа од слободен удар во 80-тата минута. Беше досуден фаул за Интер Мајами, а Игуаин биеше неодбранливо за радост на неговиот тим. Со овој погодок, Аргентинецот покажа дека промашениот пенал во дебитантскиот настап против Фиорентина бил само лош момент и дека фудбалерот кој има постигнато над 300 погодоци во кариерата, уште го има осетот за спектакуларни голови.

https://twitter.com/i/status/1314004463611412480

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести