Историја: Ерв Ренар е првиот селектор кој добил меч и на машко и на женско СП!

Победата на Франција над Бразил од 2-1 на Светското првенство во фудбал за жени, е историска, затоа што за првпат се случи еден ист тренер да добие меч и на машки и на женски Мундијал.

Станува збор за францускиот стручњак Ерв Ренар. Тој зимоска како селектор на машката репрезентација на Саудиска Арабија, приреди изненадување против Аргентина, победувајќи ги Лионел Меси и другарите со 2-1. Тоа беше меч од првото коло во групната фаза, а Аргентина на крај стана светски првак.

Сега Ренар е селектор на својата Франција и тоа на женскиот национален тим. На СП кое е во тек, Французинките во првото коло одиграа само 0-0 со Јамајка, но денеска го совладаа Бразил со 2-1. Победничкиот гол го постигна фудбалерка со презимето Ренар која е и капитен на тимот, но не е во роднинска врска со селекторот кој испиша историја.

- Оглас -

Најнови вести