Му тргна на Интер, секој ден претставува по некое засилување, купија и одличен голман

Голманот Андре Онана е нов член на Интер. Досега Онана го бранеше голот на Ајакс, а во италијанскиот гигант доаѓа како слободен агент. Камерунецот уште во јануари ги мина лекарските прегледи, а сега стави потпис.

Онана за Ајакс бранеше на 214 меча, со Интер потпиша петгодишен договор, но не се знае дали ќе се избори да биде стартер, или ќе му биде резерва на Самир Хандановиќ.

Онана е четврта принова на Интер после Лукаку, Аслани и Мхитарјан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести