Му здосади фудбалот: Фалкао планира да го смени спортот

Искусниот колумбиски напаѓач Радамел Фалкао веќе крои планови за во иднина откако ќе ја заврши фудбалската кариера. Во неговата 33-та година од животот нормално е да мисли на иднината, бидејќи пензионирањето во фудбалот не е далеку од него.

Имено, Фалкао би сакал да започне кариера во друг спорт, станува збор за бејзбол, а тој е голем фан на оваа игра. Уште од мал сакал да се занимава со бејзбол пред да „заплива“ во фудбалските води, а сега тој сон може и ќе му се оствари.

„Многу сакам бејзбол. Кога како дете растев во Венецуела, тренирав бејзбол и добро ми одеше. На оваа тема често разговарам со мојата сопруга. Мислам дека нема да остане само како идеја, ќе се занимавам со бејзбол по завршувањето на фудбалската кариера“, истакна Фалкао.

Фалкао е еден од ретките спортисти кој се одлучи за ваков потег, да премине во друг спорт, а вакво нешто направи и легендарниот Мајкл Џордан, кој одреден период се повлече од кошарката за да игра, исто така, бејзбол.

Таа одлука на Џордан не му се покажа како добар потег, па ќе видиме дали ќе му успее на Фалкао.

- Оглас -

Најнови вести