Му здосади Коронавирусот и карантинот, па направи ремек-дело од стадионот на Њујорк Јенки (Видео)

Навивач на бејзбол тимот на Њујорк јенки одлучи да ја разбие досадата од карантинот во услови на пандемија со Коронавирус и направи вистинско ремек-дело до хартија и во домашни услови.

На оригинален начин го прекопира култниот дом на еден од најдобрите тимови во МЛБ лигата што се наоѓа во Бронкс и е изграден во 2009 година.

https://twitter.com/sportbible/status/1254319302905221122?s=20

Њујорк јенкис се најтрофејниот клуб во историјата на американскиот бејзбол и имаат освоено 27 титули во МЛБ лигата, со уште 13 порази во финалињата.

Далеку зад нив се Сент Луис кардиналс со 11 пехари и уште осум финалиња што ги загубиле.

 

- Оглас -

Најнови вести