Муриќи две недели ќе биде во самоизолација, нема да игра против Македонија!

Новиот фудбалер на римски Лацио, Ведат Муриќи, има корона-вирус и е испратен во изолација, каде што ќе остане во следните 14 дена. Тој е најопасен косовски напаѓач, а за 17 дена од денеска, во Скопје се игра бараж-мечот за пласман на ЕП помеѓу Македонија и Косово. Ова значи дека практично невозможно е Муриќи да игра на тоа полуфинале од Лигата Д на Лигата на нациите од минатата сезона.

Според италијанските медиуми, Муриќи влече и повреда на мускул на ногата здобиена на тренинг на Фенер уште пред реализацијата на трансферот во Лацио, па најавуваат дека и да не бил корона-вирусот, Ведат не би можел да игра пред средината на октомври. Важниот меч во Скопје се игра на 8 октомври, па шансите тој да игра се речиси нула.

Лацијалите потврдија дека Муриќи е позитивен на корона и дека е во добра здравствена состојба и нема симптоми. Муриќи, кој досега играше за Фенербахче, се наоѓа во Истанбул, каде што средуваше некои административни работи околу добивањето работна виза за Италија, а во минатата недела беше во Рим на лекарски прегледи.
- Оглас -

Најнови вести