Муриќи испиша историја, му дава гол на Димитриевски на четири меча по ред

Рајо Валјекано и Мајорка одиграа супер интересен меч кој заврши 2-2, па мадридскиот тим на чиј гол е Столе Димитриевски, има серија од четири кола по ред без пораз. Спасител на Рајо беше Колумбиецот Радамел Фалкао кој во 12-тата минута од судиското продолжение прво утна пенал, па судијата го повтори, а од вториот обид Фалкао не погреши.

Еден од головите за Мајорка го постигна косовскиот напаѓач Ведат Муриќи, кој потврди дека е нерешлива енигма за Рајо.

Муриќи има играно четири меча против Рајо, и на сите дава гол. Рајо е единствен клуб против кој Муриќи постигнува гол на секој меѓусебен дуел.

На сите овие средби, на голот беше нашиот Димитриевски, па Муриќи се покажува како најнезгоден напаѓач за Столе, ретко кој може да се пофали дека дал гол на четири меча по ред против Димитриевски.

Муриќи четири кола по ред дава гол, и им се придружи на Белингам, Левандовски и Сорлот кои истотака сезонава во шпанската лига имаа низа од четири меча едноподруго на кои даваа гол.

- Оглас -

Најнови вести