Мурињо беше во право кога го прогласи Де Бур за најлошиот тренер во Премиер лигата

По вчерашното реми против Шпанија во пријателскиот меч, Франк де Бур се запиша како најлош селектор во историјата на Холандија. Лалињата во четири натпревари под водство на Де Бур немаат остварено победа, што не му се случило на ниту еден селектор претходно.

Тргна со пораз од Мексико во контролен натпревар, па нареди три ремија против Босна и Херцеговина и Италија во Лигата на нациите, како и вчера ремито против Фуријата.

Де Бур инаку има катастрофален учинок кога станува збор за дебитирање на клупа – со порази му почнуваа ангажманите во Интер, Кристал палас, Атланта јунајтед.

Овој учинок само потврдува дека Жозе Мурињо, во периодот кога го водеше Манчестер јунајтед, беше во право кога го прогласи Де Бур за најлош тренер во историјата на Премиер лигата. Со Кристал палас претрпи седум последователни порази без постигнат погодок, по што беше отпуштен само по 10 недели на клупата на лондонските Орли.

Можеби му е време да размисли за смена на професијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести