Мурињо брутално искрен: Италијанскиот куп е најлош во Европа

Рома се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија откако минимално со 1:0 го победи второлигашот Џенова благодарение на погодокот на Пауло Дибала во 64-тата минута. По мечот, тренерот на Римската волчица, Жозе Мурињо, имаше многу негативни коментари околу начинот на кој се организира Купот на Италија.

„Еднаш го имам освоено Купот на Италија, и тоа токму по победа против Рома. Сега сакам да се радувам со овој клуб. Сепак, мислам дека ова е најлошиот Куп во Европа затоа што не ги заштитува помалите клубови и не преставува никаква забава. На пример: Торино го победи Милан на гости, а потоа во следното коло повторно мора да гостува. Не го разбирам форматот на натпреварувањето. Игравме против екипи од Серија Б пред полни стадиони. Сакам да го освојам Купот на Италија, но каква мотивација имаат послабите екипи кога играат со посилните? Каде е тука убавината на Купот? Би било многу поубаво да се игра на гостински терен против екипи од Серија Б или Серија Ц“, вели Мурињо.

Во четвртфиналето Рома ќе го чека подобриот од дуелот Наполи – Кремонезе.

- Оглас -

Најнови вести