Мурињо е навистина Специјален, на „Олимпико“ вакво нешто не доживеал ниту Тоти

Жозе Мурињо пред неколку денови доби отказ од Рома по две ипол години поминати на „Олимпико“, но засекогаш ќе остане во срцата на навивачите на Римската волчица.

На Мурињо му пресудија поразите од Лацио и Милан, а вчера на клупата на Рома дебитираше легендарниот капитен Даниеле де Роси, и неговите играчи славеа со 2:1 над Верона, но вниманието на јавноста беше кон трибините на „Олимпико“ каде навивачите на Римската волчица истакнаа транспаренти со поддршка за Мурињо.

 

„Му, ти си еден од нас“, „Не бранеше од секого и од се. Рома не заборава. Ти благодариме господине Жозе“, „Единствен кој не бранеше, последен кој се предаде. Благодариме Жозе“, „Малку се тие кои не претставуваа на начин како што го правеше ти. Секој Романист ќе ти биде благодарен“, се дел од транспарентите и пораките кои ги истакнаа навивачите на Рома.

- Оглас -

Најнови вести